Физиотерапевтот не е само масер
Физиотерапијата е гранка на медицината. Физиотерапијата значи природно лекување. Модерната медицина не може да се замисли без во неа да бидат инволвирани физиотерапевти.
Физиотерапевтите се лица кои ќе Ви помогнат да се рехабилитирате од посттрауматски повреди, контрактури, фрактури, мозочни удари, оштетувања, промени и деформитети на `рбетен столб, спазам и болки во мускулите, ограничување во движењето на зглобовите и многу други проблеми и болки во Вашето тело.
За да Ви помогнат да се справите вакви или слични проблеми физиотерапевтите имаат цела лепеза на третмани и техники кои ќе Ви помогнат. Програмата за секој пациент е различна зависно од неговата дијагноза и индивидуа.
Под физиотерапијата не се подразбира само масажа и физиотерапевтите не се само масери. Масажата е само еден дел од физиотерапијата и е подгранка на кинезитерапијата. Исто така масажата е најстарата форма на лекување. Но еден физиотерапевт не прави само масажа за да Ви помогне.Тој треба добро да ја познава анатомијата на човековото тело и тој ќе искористи повеќе видови на техники не само масажа, независно дали тоа би било електротерапија, ултразвучна терапија, магнет, кинезитерапија, хидротерапија, спинална манипулација, ПИР, кинезитејпинг траки, но исто така и источните техники даваат добри резултати како што се терапијата со вендузи, сува и мокра односно хиџама, акупунктурата и електро акупунктурата, Гуа-Ша, шиатсу и многу други техники кои помагаат за да се ослободите од болката.
Еден модерен физиотерапевт мора постојано да се надоградува, бидејќи како и сите области и физиотерапијата постојано напредува.
Физиотерапевтите не се ниту доктори, ниту само масери. Тие се само физиотерапевти.
Leave a Reply
Want to join the discussion?Feel free to contribute!