Физиотерапевтот не е само масер

Физиотерапијата е гранка на медицината. Физиотерапијата значи природно лекување.  Модерната медицина не може да се замисли без во неа да бидат инволвирани физиотерапевти.

Физиотерапевтите се лица кои ќе Ви помогнат да се рехабилитирате од посттрауматски повреди, контрактури, фрактури, мозочни удари, оштетувања, промени и деформитети на  `рбетен столб, спазам и болки во мускулите, ограничување во движењето на зглобовите и многу други проблеми и болки во Вашето тело.

За да Ви помогнат да се справите вакви или слични проблеми физиотерапевтите имаат цела лепеза на третмани и техники кои ќе Ви помогнат. Програмата за секој пациент е различна зависно од неговата дијагноза и индивидуа.

Под физиотерапијата не се подразбира само масажа и физиотерапевтите не се само масери. Масажата е само еден дел од физиотерапијата и е подгранка на кинезитерапијата. Исто така масажата е најстарата форма на лекување. Но еден физиотерапевт не прави само масажа за да Ви помогне.Тој треба добро да ја познава анатомијата на човековото тело и тој ќе искористи повеќе видови на техники не само масажа, независно дали тоа би било електротерапија, ултразвучна терапија, магнет, кинезитерапија, хидротерапија, спинална манипулација, ПИР, кинезитејпинг траки, но исто така и источните техники даваат добри резултати како што се терапијата со вендузи, сува и мокра односно хиџама, акупунктурата и електро акупунктурата, Гуа-Ша, шиатсу и многу други техники кои помагаат за да се ослободите од болката.

Еден модерен физиотерапевт мора постојано да се надоградува, бидејќи како и сите области и физиотерапијата постојано напредува.

Физиотерапевтите не се ниту доктори, ниту само масери. Тие се само физиотерапевти.

 

Текстот е авторизиран на Физиоарт и е забрането било какво копирање

Сауната и нејзините придобивки

Сауната ќе Ви помогне да се ослободите од стресот, да се ослободите од заморот (особено кај спортисти после натпревар), да се ослободите од токсините во Вашето тело, да ослабнете и да согорите над 600 калирии за 30 мин. ,сауната ќе ја прави Вашата кожата помека и нежна, ја намалува или отстранува болката во зглобовите.
Повелете закажете во инбокс или на 078 524 496.

 

Горен и долен крстосан синдром

Дејности што го предизвикуваат ова нарушување се:

-работа на компјутер ,лаптоп

-возење -гледање на тв

-користење на мобилен телефон

-читање.

Поради сите овие дејствија што се извршуваат во неправилна позиција на телото доаѓа до стегнатост на определени мускули ,кои стануваат претерано активни,додека други мускули се деактивират и од таму доаѓаат болките во грбот и подгрбавеност. Најчести симптоми се:

-Болки

-спазми

-нарушување на сетилноста и активноста и на рацете и нозете .

Масажата има благопријатно дејство врз стегнатите мускули ,ги опушта, а со тоа се зголемува циркулацијата т.е. протокот на крв ,така мускулот се храни со кислород и така болката се намалува .Само со масажа не може целосно да се отстрани проблемот ,неопходно е комплексно лекување со определени методи и техники приложени од страна на физиотерапевт или кинезитерапевт. Најважно е да разбереме дека се зависи од активноста и мотивацијата на луѓето и дали навистина сакаат лошите навики да ги заменат со здрави навики . Физио и кинезитерапијата има за цел да го обнови балансот на мускулниот фокус,преку дејствија кои водат до подобрување на подвижноста на `рбетот,релаксирање на хиперактивните мускули и активирање на деактивираните. Грижата за вашето “превозно средство”-телото , по долгиот пат наречен живот е неопходно и далеку не помалку важно од грижата кон нашиот дух.А дали ќе се возиме во фичо или последен модел автомобил, избираме само ние!

 

 

Автор: Физиоарт Штип

Преземањето на содржината без согласност од Физиоарт е строго забрането.

Кинезиотејпинг ленти – за движење без болка

Долготрајната и упорна болка како што е болката во вратот или во грбот, вкочанетоста во рамената или чувството на болнаиритација во некој зглоб претставува голем проблем за пациентите. Иако постојат повеќе третмани, понекогаш е потребна поддршка во текот на целиот ден бидејќи пациентите секојдневно се изложени на голем притисок на пример  додека седат во канцеларија, возат автомобил или ги извршуваат секојдневните обврски.

Слична е состојбата и кај  профресионалните или рекреативните спортисти кои често се повредуваат, а при помали повреди не е потребно  да го прекинат својот тренинг процес. Едно од решенијата за овој проблем е кинези тајпинг.

Што се ленти за кинези тејпинг?

Кинези тејпинг е посебна техника со примена на специфични ленти кои овозможуваат поддршка на мускулите без да го ограничат движењето, за разлика од класичните ленти, кои го ограничуваат движењето на зглобовите. Со овие посебни ленти нема ограничување на движењето на мускулите и зглобовите и имаат цел да  помогнат во процесот на заздравување. Помагаат при болка на мускулите и спречуваат создавање оток.Го намалуваат воспалението на тој начин што ја подобруваат циркулацијата на заболеното место. На ваков начин, болката се намалува, а обемот на движење се подобрува. Лентите покрај тоа што служат за заздравување се користат и како превенција од повреди. Примената на овие ленти е неинванзивна и лесно се аплицираат.

Кои се карактеристиките на овие ленти?

Лентите за кинези тејпинг се ставаат директно на површината на кожата и се дизајнирани да не вршат притисок. Лентата има еластични својства исто како и кожата кај човекот, со дебелина на епидермисот. Составот на лентите е 100% памук со еластични влакна. Преку памучните влакна телото може да дише.Еластичноста на лентата трае од 3 до 5 дена, но вообичаено се носат до 48 часа, и се водоотпорни. Десет  минути по аплицирањето, не се чувствува на кожата. Лентите не содржат латекс. Благодарение на брановидната форма на лепливата страна, кожата може да поти и да дише. Иако лентите можат да бидат различна боја, функцијата е иста.

На што треба да се обрне внимание?

Пред нанесувањето кожата се чисти. Во зависност од местото на нанесување, може да биде потребно отстранување на влакната од кожата. Лентата се нанесува директно на чиста и интактна кожа. По аплицирањето се трие со нежно притискање и во овој период се избегнуваат нагли движења. Можат да се носат при бањање и пливање. Лесно може да се извадат во  кое било време и не оставаат лепливи траги. Кај спортистите, како и кај другите физички активни лица се користат екстра лепливи ленти. Понекогаш се користи и спреј за лепење, но притоа отстранувањето од кожата може да биде потешко.

Дали има несакани дејства?

Кожните реакции од примената на лентите се исклучително ретки. Може да се појави алергиска реакција или чувствителност на кожата. Алергиската реакција може да се појави од лепакот на лентата или од бојата. Во тој случај лентата треба да се извади. Доколку кожата е иритирана , лентата се отстранува и откако ќе помине црвенилото, ако е возможно, повторно се аплицира.

Кој може да применува кинезитејпинг?

За успешно лекување со кинезитејпингот постојат два фактора: прво се прави проценка на пациентот, потоа треба правилно да се постават лентите. Третманот е ефикасен доколку се искомбинираат заедно двата фактора. Поради ова аплицирањето на лентите треба да го извршува стручно обучено лице под надзор на доктор. Лентите за кинези терапија можат да се најдат во продавниците за медицински производи, но тоа не значи дека може да се аплицираат од кој било. Кинезитејпинг техниката треба да ја примени специјалист по физикална терапија и рехабилитација заедно со физиотерапевт.

Во кои случаи се користи?

  • Се аплицираат на вратот, грбот, рамото, појасот или кој било зглоб на горните и долните екстремитети, во случај на болки при движење на ‘рбетот и зглобовите, болка во околното меко ткиво и мускулите, при полесен степен на исчанчувања на зглобот, сколиоза, при спортски повреди или нивна превенција, воспаление на тетивите, коскен израсток на петица, мускулна слабост, деформитети на долните екстремитети, повреда на нервите, церебрална парализа и лимфоедем.
  • Дава поддршка на мекото ткиво и не ги ограничува движењата на зглобовите при спортување. Го намалува ризикот од повреди. Постојат разни техники на примена, и на еден пациент можат да се применат повеќе техники.

Историја на кинезитејпинг

Во 70-тите години д-р Кензо Касе од Јапонија за киропракса и акупунктура ја претставил техниката на кинезитејпингот. Ги користел стандардните ленти кои го ограничуваат движењето, но по двегодишно истражување развил специјална лента која дава успешни резултати и ја нарекол „KinesioTex Tape“. Употребувани се од страна на спортистите на Олимписките игри во Пекинг во 2008 год. и во голема мера се употребувани од страна на познатите спортисти кои учествувале на Олимписките игри во Лондон во 2012 год., како во сите кошаркарски и фудбалски лиги и тениски натпревари.

Кинезитерапија

Овој назив е сложенка од зборовите “kinezi” што значи движење и “therapia” – лечење. Самото име добро ја опишува сржта и целите на оваа тераписка метода. Можеби е најдобро да го приближиме нејзиното значење со пример. Да кажеме ако го шинете скочниот зглоб и ако се обратите на физиотерапевтот за помош. Во тој случај физиотерапевтот ќе превземе две работи. Прво со сите расположливи средства (мраз, лимфна дренажа, масажа, електротерапија, ултразвук…) тој ќе настојува што побргу да ги намали болката и отокот. Кога ќе се смири болката, а отокот ќе исчезне, следува функционалното лечење, односно помош на пациентот да ја поврати полната функција на повредениот сегмент или во некои случаи и на целото тело. Тоа се прави исклучиво со специјални вежби, што го нарекуваме функционално лечење, односно кинезитерапија.   И додека таквата задача кај исчашувањето ќе биде релативно едноставна, кај цел низ други повреди или болести работите се доста посложени. Да би сликата за кинезитерапијата била појасна, треба да се каже дека скоро секое заболување, повреда или постоперативен тек има свои специфични кинезитераписки методи. Така денес постојат специјализирани кинезитерапевти за одредени групи на заболувања (ортопедија, кардиоваскуларни болести, неурологија,педијатрија, спортски повреди …), а тоа е затоа бидејќи кинезитерапијата е заправо најширок и најбрз развијачки дел од вкупната физиотерапија. Но, целта на вежбањето не е само јакнење на мускулите и враќање на полниот обем на движења во зглобовите. Темелна цел на кинезитерапијата е враќање во полна функција на целиот состав за движење, како и очувување на истата, а се со цел спречување на повторно враќање на симптомите. Ова лечење, иако е со резултатите најдобро, има една слаба карика, а таа е врзана со фактот дека бара голема упорност на самиот пациент во процесот на лечењето. Конкретно, кај вежбањето физиотерапевтот е само водач, додека комплетната терапија ја изведува самиот пациент. Тоа е голема разлика од состојбата во која лечењето се сведува на примена на некоја друга терапевтска метода или лек, во која пациентот е во пасивна позиција и чека на делувањето на некоја од применетите методи. Кинезитерапијата е составен дел од физикалната терапија и рехабилитација, мошне важен сегмент на лечењето бидејќи активно го вклучува пациентот и ги користи движењата како метода на лечење.
Задачи на кинезитерапија се:

1. Превенција на оштетувањето на функцијата на локомоторниот систем
2. Лекување
3. Реставрација на функцијата на локомоторниот систем

Овие задачи се однесуваат на:
– зачувување и враќање на нормалната подвижност на зглобовите
– зачувување и враќање на нормалната мускулна сила
– моторна едукација – учење на движења
– моторна реедукација – повторно учење на движењата
– зачувување и враќање на координацијата
– делување на централниот и периферниот нервен систем, кардио-васкуларниот, респираторниот и коскено-зглобниот систем, со цел достигање на максимална функционалност
– постигнување на добра психофизичка состојба

Кинезитерапија кај најважните и клучни системи на организмот:
1. Кај централниот и периферниот нервен систем:
– Одржување на моторната шема на движењата
– Воспоставува адекватна и квалитетна координација

2. Кај мускулниот систем:
– Го одржува и зголемува волуменот на мускулите, ја зголемува нивната сила
– Ја поправа исхраната на мускулите
– Ја попречува дегенерацијата на мускулите
– Ја зголемува еластичноста на мускулите 

3. Кај коскено-зглобниот систем:
– Ја попречува промената на обликот, морфологијата и структурата на коските, ја попречува декалцификацијата кај недостатокот на наслонот при одењето
– Во детска возраст го попречува неправилниот раст на коските, нееднаквата должина на коските и појава на лажен зглоб

4. Кај респираторниот систем:
– Го продлабочува дишењето и создава услови за заситување на крвта со кислород
– Обезбедува подобра размена на гасови – попречува појава на пневмонија кај лежечките заболувања
– Обезбедува подобро искашлување на брохијалниот секрет

5. Кај кардио-васкуларниот систем:
– Ја зголемува економичноста на работата на срцевиот мускул
– Ја подобрува циркулацијата на крвта
– Ги стимулира регенеративните процеси на ткивата
– Попречува застој на крвта, отеченост на ткивата, венска тромбоза на екстремитетите, намалување на силата на срцевиот мускул

6. Кај гастро-интестиналниот систем:
– Ја подобрува работата на цревата и лачењето на цревните сокови
– Го попречува спуштањето на внатрешните органи

7. Ја подобрува и стабилизира психичката состојба

Ароматерапија

Со вдишувањето на ароматичните масла може да се ублажи стравот, загриженоста, напнатоста, стресот, болката, да се подобри памтењето и концентрацијата.

Иако обично се ослонуваме на она што ќе го видиме и чуеме, мирисите имаат важна улога во нашиот живот. Мирисните екстракти од растенијата (етеричните масла) низ векови, па и денес, се користат за лековити цели. Така, додека лавандата релаксира и смирува, еукалиптусот го бистри умот и дава енергија.

Мирисите влијаат на човекот

Во последно време и научно е докажано тоа што луѓето оддавна го знаеле, а тоа е дека мирисите имаат големо влијание на телото и психата на човекот. Така, мирисот на лавандата не успива, мирисот на лимонот не разбудува, мирисот на циметот не прави креативни, ружата не смирува, а ванилата не охрабрува. Неверојатно, но вистинито е дека со вдишување на природно ароматично масло можеме да се ослободиме и значително да ги ублажиме негативните емоции, стресот, стравот, лутината, тагата, депресијата, болката, а да истовремено ги поттикнеме позитивните емоции како што се радоста, задоволството и расположението.

Ароматерапијата е древна вештина на примена на етерични масла на различни начини за релаксација, превенција и лекување. Датира од настарите цивилизации. Дури 4500 години пред Христос, старите Египќани ги користеле во лекување на широк спектар на болести.

Етеричните масла се добиваат со дестилација, процес кој бил пронајден уште пред 2500 години во Индија. Човекот тогаш пронашол како од растенијата да ја земе суштината-душата и мирисот. Процесот на дестилацијата е прилично едноставен. Растенијата (листовите, гранчињата, коренот, смолата) се затвораат во сад под кој се пали оган. Со загревањето на садот се создава пареа која со себе ќе ги земе и активните соединенија и мирисите во цевчињата за ладење. Во нив доаѓа до кондензација и претворање на пареата во смеса од вода и етерични масла кои пливаат на нејзината површина. Така, на едната страна се одвојува водата, а на другата етеричното масло.

За добивање на неколку капки етерично масло потребна е голема количина на растителен материјал. Старите цивилизации знаеле дека е тоа суштината на растенијата и знаеле да ги ценат тие неколку капки.

Со оглед дека претставуваат јаки концентрати од растенијата, тие треба многу внимателно да се применуваат. Тие не се користат како концентрирани масла, туку се разблажуваат со други неутрални масла како бадемово и други. Во спротивно тие може да доведат до несакани последици како: изгореници, алергиски реакции, мачнина, вртоглавица, па дури и труење.

Ароматерапијата (од грчките зборови: aroma – мирис, therapeia – лекување) е позната уште од давни времиња.

Буквално ароматерапија значи лекување со мириси. Се вбројува во алтернативна медицина.

По својата природа е холистичка и комплементарна метода на лекување.

Ароматерапијата е комплементарна, бидејќи се надополнува со другите алтернативни гранки на медицината, па дури и со конвенционалните.

Холистичка, бидејќи го разгледува човекот како една целина т.е. како физичка, духовна, ментална и емотивна индивидуа. При тоа го зема во предвид и стилот на живеење, начинот на исхраната, општествениот живот итн. Делува на отстранувањето на причините за неравнотежата во организмот, па се користи како превентивна метода за одржување на здравјето и равнотежата на целото тело и духот, но и за лекување. Аромотерапијата може да се користи во домот, на одмор, на пат. Таа го релаксира телото, го смирува духот, односно делува на намалувањето на стресот и болката.

Ароматерапијата е една од најпопуларните форми на неконвенционалната медицина, Во Европа, САД, Канада, Австралија и Јапан постојат на илјадници кабинети за ароматерапија, а за неа се напишани и многу книги и се издадени бројни часописи кои се занимаваат исклучиво со оваа проблематика. Влијанието на мирисите на психичката и физичката состојба на човекот се поврзува со лековитите својства на етеричните масла.

Ароматерапијата е идеално чиста, потполно природна метода за ублажување или отстранување на различни тегоби. Се темели на внесување на висококвалитетни растителни масла во човековиот организам. Денешните испитувања, кои се направени во светот, ја потврдуваат ефикасноста на етеричните масла. Тие се во одредена мерка и бактерицидни, а некои помагаат и во лекување на вирусните инфекции. Многу етерични масла го стимулираат обновувањето и растот на клетките и ја регулираат физичката и психичката равнотежа. Многу етерични масла го намалуваат стресот и го подобруваат крвотокот, па делуваат и на намалувањето на болката.

Маслата со својата способност да ги регенерираат ткивата можат да ја зголемат намалената отпорност на организмот.

Со помош на ароматераписките методи, етеричните масла брзо продираат во крвотокот, преку кој се разнесуваат до сите делови на телото. Тие ја враќаат хармонијата и поволно делуваат на органите и системите на кои им е пореметена функционалната равнотежа. Не постои етерично масло кое делува само на една болест или на еден тип на тегоби. Најдобар пример за тоа е лаванда маслото кое покрај тоа што е антисептик, делува и на намалуавањето на заморот и депресијата, го подобрува расположението, а на тој начин делува и на намалувањето на хроничната болка.

Физикална терапија и рехабилитација

Рехабилитација на повреди на `рбетен мозок е сложен процес кој бара работа на искусни тимови составени од повеќе докторски профили, чија цел е истовремено лекување на повредата и нарушените функции на системите предизвикани од таа повреда. Главна цел на рехабилитацијата кај пациенти со повреда на рбетниот мозок е намалување на последиците од невролошкото оштетување и унапредување на функционалната способност, повторно враќање на пациентот во секојдневниот живот со чувство на корисност за себе и околината и одржување на физичкото и менталното здравје, како и превенција на компликации.

Рехабилитациската програма обично трае од 3 до 6 месеци, зависно од нивото и видот на повредата на `рбетниот мозок, како и од присуството на придружни заболувања и компликации. За тој период се настојува сите органски системи кои се засегнати да се доведат што поблиску до нормално функционирање. Истовремено се прават максимални напори да се подобри нивото на здравје, квалитетот на живот и продуктивноста на пациенти со повреда на `рбетен мозок.

Рехабилитацијата на овие пациенти почнува уште во единиците за интензивна нега (рана рехабилитација). Во овој период се води сметка да се спречат компликации кои би ја отежнале понатамошната рехабилитација и би го продолжиле нејзиното времетраење. Особено внимание се посветува на одржување на нормалната функција на  системот за дишење, спречување на настанок на тромби во длабоките вени, одржување на целовитоста на кожата и спречување на вкочанување на зглобовите.

Раната рехабилитација на овие пациенти секогаш ја изведуваат добро обучени физиотерапевти во соработка со медицинските сестри и работните терапевти, а под контрола на физијатарот. Во тек на функционалната рехабилитација се посветува поголемо внимание пациентот да се оспособи за посамостоен и понормален живот, бидејќи најчесто овие пациенти се зависни од семејството.

Масажи

РЕЛАКС МАСАЖА / 50 МИН

Комбинацијата од релаксирачка масажа и опуштање на телото, благотворно делува на намалување на болките, и стресот, и истовремено ја подобрува циркулацијата. Ви ја враќа назад позитивната енергија.

 

МЕДИЦИНСКА МАСАЖА / 60 МИН

Медицинската масажа е позитивен, фасцинантен и идеален начин за ревитализација на целото тело.Ја изведува стручно едуцирано лице – физиотерапевт, со одлично познавање на анатомијата на мускулоскелетниот систем, циркулаторниот, лимфниот и нервниот систем. При тоа се користат различни техники на масажа кои се класифицираат на нежни, средни и силни.

 

СПОРТСКА МАСАЖА / 55-60 МИН

Спортската масажа е специјално наменета за луѓе кои се вклучени во потешки физички активности. Таа се користи за санирање на повреди , како што се изместени зглобови и повреди во мускулите.Спортската масажа помага во опуштањето на затегнатите делови од мускулите и во подобрувањето на циркулацијата на крвта, еластичноста и флексибилноста на телото.

 

РЕФЛЕКСО ТЕРАПИЈА / 30 МИН

Рефлексо терапијата конкретно е масажа на стапала и дланки – доведоува до длбоко релаксирање и помага при стабилизирањето на нервниот ситем. Тој позитивен бран се пренесува преку целото тело.

 

 

ТЕРАПИЈА НА ГРБ / 30 МИН

Терапијата на грб користи различни техники на масажа со помош на кои се подобрува функцијата на мускулите на грбот, помага при појава на болки и напнатост, ја опушта мускулатурата и предизвикува состојба на релаксација и опуштање. Ја намалува анксиозноста, ја ублажува дерпесијата, го подобрува сонот и доведува до состојба на смиреност и релаксација.

ЛЕКУВАЊЕ СО ВЕНДУЗИ

Зборот вендуза има арапско потекло и накратко значењето му е, цица или цицање млеко, а се користел за да се објасни дренирање на градите на мајката додека бебето цица.

Read more